Традиционални половинки

Датум

Во последните можеби десетина години на НИП „Нова Македонија“ беше вообичаено личните доходи да се добиваат во два дела, барем до тогаш додека се добиваше некаква плата.

На едниот дел се плаќаа давачките за пензиско и социјално, а вториот беше претставуван како хонорар. Дека оваа практика не е напуштена, познато им е на повеќемина колеги од македонските медиуми. А како што дознаваме, се разбира, не проверено и весникот што претендира да ја продолжи традицијата од неодамна започна со исплата на половинки плата. Уште се чека половината од мајската плата.
Повторувањето на историјата некаде е фарса, а во македонските медиуми секогаш е катастрофа.

 

Останати
објави

Сподели на...