Во денешно време во кое очевидци станаа оние кои први доаѓаат на местото на настанот, во свет во кој фотошопирани и манипулирани слики имаат речиси исто влијание како и оние автентичните, потребата за верификација на содржината која пристигнува во редакцијата никогаш не била поголема.
Но, за еден новинар да ја провери автентичноста, потеклото и точноста на информациите кои доаѓаат од социјалните мрежи, тој треба да има пристап до бројни алатки за верификација: почнувајќи од алатки за проверка на автентичноста на сликите, преку оние кои ја потврдуваат локацијата па се до верификација на видеа. Самото барање на алатките, како и процесот на врификација, може да одземе многу време.
Поради тоа, покрај бројните алатки кои новинарите, но и сите заинтересирани, можат да ги користат за да ги проверат информациите кои ги конзумираат, постојат организации како Storyful – а кои нудат „пакет аранжмани“ со верификувани информации од социјалните мрежи.
Други организации, како Truly Media, работат на малку поинаков начин. Разликата помеѓу тие две организации е во начинот на давање на услуги. Storyful функционира како новинска агенција која верификува постови од социјалните мрежи, каде новинарите можат да пристапат и да преземат веќе верификувана содржина.
Со Truly Media новинарите самите ја верификуваат саканата содржина без потреба да користат бројни алатки. Сè е достапно на еден панел: од обратно пребарување слики, Google мапи и видео верификација, па до можноста за пребарување на содржина на социјалните мрежи.
Покрената пролетта 2017 година, Truly Media е нова колаборативна платформа која им овозможува на новинарите и медиумските работници да изршуваат верификација на корисничка содржина многу полесно од порано. И со многу повеќе соработка.
Во време во кое информациите ги добиваме брзо, а дезинформациите уште побрзо, и кога, во огромната содржина на информации на социјалните мрежи, многу лесно може да се направи грешка, овој вид на софтвер може да дојде како одговор на сите верификациски предизвици со кои моментално се соочуваме.
Создаде со соработка помеѓу ATC iLab-a и тимот на Deutsche Welle Innovation Project, Truly Media софтверот ќе им овозможи на новинарите кои работат со корисничка содржина во своет известување многу полесно да го пронајдат овој вид на материјал и да можат многу поедноставно да го верификуваат. Уште една од предностите на оваа платформа е во тоа што новинарите можат лесно да пронајдат колеги кои работат на слични или исти теми и да соработуваат со нив.
„Truly Media ви овозможува да соберете содржини од разни социјални мрежи во една колекција. Ние го познаваме нашиот процес на верификација многу добро, и она што ние всушност се обидуваме да го направиме е да ги собереме сите тие алатки кои ви се потребни за верификација и да ги сместиме на еден панел“, објаснува Рубен Боумистер, менаџер за иновации во Deutsche Welle.
Објаснувајќи по примерот на еден настан, Рубен истакнува дека е многу јасно дека луѓето имаат свои начини преку кои наоѓаат содржини: „Но кога имате тројца луѓе кои секој на свој начин пристапуваат кон наоѓањето содржина, и потоа го делат на колекции на платформата Truly Media, тогаш можеме да видиме како една тема може многу лесно да се збогати со корисничка содржина за известување“. Но само што една тема би била побогата со содржина, туку исто така таа содржина би била многу поточна: „на пример, еден од новинарите може да се фокусира на верификација на извор, друг може да ја истражува автентичноста на сликата, додека трет може да бара дополнителен материјал, на пример на Twitter. И сето тоа во реално време“, наведува Рубен. Целната група на Truly Media се новинари кои користат постови од социјални мрежи, односно корисничка содржина, во своето известување и на кои користењето на платформата би можело малку да им го олесни животот“, појаснува Рубен.
Во свет во кој секој сериозен дигитален новинари мора да пристапи до бројни алатки и социјални мрежи за да верификува содржина, таквата платформа го олеснува работниот процес.
Моментално, платформата е во Beta фаза и 12 различни медиумски организации учествуваат во тестирање, за да се уверат дека се исполнети сите услови пред Truly Media да стане достапен на поголем круг корисници. Кога се работи за начинот на користење на платформата, Рубен објаснува дека корисниците ќе може да се конектираат преку своите организации: „Јас се конектирам со својата организација, и потоа наоѓате луѓе со кои се поврзувате, на начин на се поврзувате да речеме на LinkedIn. И потоа тргнуваме да работиме заедно на одредена тема.“
Една од предностите на Truly Media, покрај собирањето бројни алатки на едно место, е и можноста за соработка. „Секој може да додаде корисничка содржина, од Twittera, Facebooka, YouTube или други мрежи, и сето тоа оди во иста колекција, по што новинарите можат да пристапат кон заедничка верификација. Доколку е некој подобар во верификацијата на изворите, тогаш таа личност го проверува изворот. Доколку друг е подобар за позадински информации за, да речеме, Германија, тогаш тој ја врши проверката на локации за Германија, а некој трет допринесува со знаењето кое тој/таа го поседува“, појаснува Рубен.
Моментално, платформата е достапна само од панелот на англиски јазик, но како што истакнува Рубен, би требало да биде достапна за сите кои работат со корисничка содржина, без какви било географски ограничувања. Truly Media ќе им овозможи на голем број новинари од целиот свет да ја вршат својата работа на многу полесен начин и без пристап до бројни алатки. Уште една предност на оваа платформа е што успеале да вклучат и видео верификација во својот софтвер. Алатката која тие ја развиле се потпира на идејата која Amnesty ја реализираше со својот Data Viewer.
Ние извлекуваме слики од видео клипови од YouTube и на тој начин проверуваме дали се поклопува временската рамка, па отоа вршиме обратно пребарување на тие слики“, наведува Рубен.
Од тимот на Truly Media настојуваат што поскоро да ја пуштат платформата, за што повеќе новинари да можат да имаат корист од неа. „Сè повеќе и повеќе луѓе добиваат пристап до оваа алатка. Набрзо на нашиот сајт ќе имаме формулар за пристап со кој заинтересираните ќе можат да се пријават за Beta тестирање.
Можностите кои ќе ги даде Truly Media, како што е соработка во реално време, верификација на сите социјални мрежи, а сè со цел да се достави поточна содржина, го прават овој софтвер неоходен за секоја новинска редакција
Уна Чилиќ