ЦРМ: Владата планира козметички измени кои нема да ја подобрат состојбата во медиумите

Датум

Владата не сака да ја декриминализира клеветата и патоказот што го изготви како акционен план  за исполнување на обврските во

Пристапниот дијалог со ЕУ во делот што се однесува на слободата на медиумите нуди формални и козметички измени кои нема да ја подобрат состојбата, смета Центарот за развој на медиумите во својата последна анализа.

Во неа, меѓу другото како клучен проблем се истакнува одбивањето на владата да стапи во вистински дијалог со медиумската заедница и организациите кои ја претставуваат и нејзиното упорно одбивање да ги прифати предлозите што доаѓаат од тој сектор, односно нејзината пракса на супституирање на дебата со креирање на паралелни „институции“ кои имаат за цел да ја релативизираат критиката и да ги оправдат нејзините становишта
Во анализата се посочува дека патоказот може да биде прифатлив само како почеток од еден подолг процес, но при тоа мора да се има предвид дека таквиот процес мора да опфати и други проблеми како што се:
* Независноста и улогата на јавниот радидифузен сервис и неговите внатрешни акти
* Говорот на омраза и јавната стигматизација на цели групи во општеството
* Социјалната сигурност на новинарите
* Изборното законодавство во медиумскиот дел
* Медиумската концентрација во делот на печатот
* Дигитализацијата и пристапот кон мрежите за медиумите, граѓаните и социјално ранливите групи
* Нарушената независнот на регулаторното тело
* Деловните пречки и прагови за медимите во однос на пристапот кон рекламери, програма и пазарот
* Отвореноста на институциите и пристапот до информации како и дискриминирањето на одредени медиуми во тој поглед
* Неселективно спроведување на законите врз медиумите

Останати
објави

Сподели на...