Вклучете се во подготовка на Колективен договор

Датум

ССНМ ве повикува да се вклучите со свои предлози, сугестии и коментари во процесот на изготвување на нацрт верзијата на Колективниот договор во рамките на медиумската индустрија.
Станува збор за документ што во иднина ќе послужи како усогласена платформа на сите новинари и медиумски работници во преговорите за Договор кој треба да ги адресира клучните системски прашања кои произлегуваат од спецификите на работата на новинарите, снимателите, фоторепортерите и сите други кои учествуваат во производство на медиумски содржини.
Во изминативе осум месеци работната група на ССНМ имаше средби со претставници на: новинарите, дописниците, фоторепортерите, снимателите, монтажерите и уредниците. Врз основа на нивните сугестии, како и врз основа на домашната, регионална, но и меѓународна пракса е изготвен матерјал кој сега е достапен на нашата страна и е отворен за дополнителни сугестии до 27 септември 2015 година.
Во него се прави обид да се дефинираат и дадат одговори за многу прашања со кои нашите членови се среќаваат секојдневно: од работното време, минималната плата, преку заштита на хонорарните соработници и мобинг, па се до начините за назначување и разрешување уредници.
Исклучително важно е што поголем број медиумски работници да дадат свое видување на документот, кој на крајот од овој процес ќе биде појдовната позиција на ССНМ во идни преговори за Колективен договор.

Целиот документ можете да го симнете тука – ГРАНСКИ КД Новинари – Преднацрт

Вашето мислење пратете го на ssnm.info@gmail.com

Останати
објави

Сподели на...