Во интерес на вистината ССНМ а во врска со случајот со ТВ 24 сака да информира дека
Членови на ИО на ССНМ со претставници на дел од вработените во ТВ 24 имаа повеќе состаноци и речиси секојдневни телефонски разговори и преписка преку електронска пошта за што постои евиденција. За жал она што во моментов се случува е последица на самоиницијативни акции на вработените наспроти работодавачот кои не се изведени во координација со Синдикатот.Најчесто ССНМ дури отпосле бил информиран за преземените чекори поради што ние од една страна не бевме во можност да ги превенираме последиците или да ги посоветуваме како да ги спроведат акциите , а од друга постојано ни се стеснуваше просторот за преговори и односите во медиумот стануваа се потензични и посложени на штета на вработените.
Во два случаи ССНМ немаше правна основа за делување: Еден наш член сам си поднесе отказ, а на еден хонорарен соработник поради недоразбирање околу должината на одморот му е прекината соработката
На нашите членови во 24 им е понудена, а на тројца отпуштени и пружена бесплатна правна помош и застапување пред суд, нивните тужби се во постапка и според сите индиции доколку тие самите не се повлечат ќе добијат правна разрешница. Другите тројца отпуштени, иако им е понудено во повеќе наврати, не сакаа правна помош од ССНМ
Сакаме да нагласиме дека , за секој од случаите за кои беше информиран Синдикатот е остварен контакт со претставник на работодавачот и е поднесен приговор ..
Инаку, поради конфликт на интереси односно поради управувачката функција во ТВ 24 член на нашиот Извршен одбор во овој случај е третиран како претставник на работодавачите со кого комуникацијата се одвива во интерес на вработените и на негово барање му е замрзнат мандатот во ИО што значи не учествува во креирањето на политиките на ССНМ, особено не е дел од акциите и активностите кои сснм ги превзема за надминување на сосотјбите во ТВ 24.
ССНМ останува доследен на своите определби да ги штити своите членови и настапува во интерес на новинарите и медиумските работници. И натаму останува останува подготвеноста на ССНМ да помогне и посредува во надминување и решавање на работните спорови, но во координирани и заеднички акции согласно програмата и основните принципи на синдикално делување.