За ТВ А2

Датум

Во пресрет на утрешното рочиште за ТВ А2, Самостојниот Синдикат на новинарите и медиумските работници апелира

до надлежнитe институции да вложат напори и поскоро да дадат одговор на прашањето дали оваа телевизија има законско право да продолжи со работа или не.

 

Со оглед на најавите на претставниците на ТВ А2 дека по позитивната одлука на Судот, во оваа телевизија би се вработиле стотина медиумски работници ССНМ  со ова соопштение нема амбиција да влијае на конечната одлука  туку да ги охрабри надлежните судски органи во рамки на законските претпоставки да ја прекине неизвесноста и да донесе одлука од која зависи работниот ангажман на нашите колеги.

Останати
објави

Сподели на...