ССНМ ги информира членовите и јавноста дека не бил известен и консултиран за намерите на ЗНМ да одржи заедничка прес конференција со министерот за информатичко општество на која е соопштена согласноста за усвојување на медиумските закони и тоа по итна постапка. Очекувањето за известување и консултација ССНМ го темели врз основа на тоа што досега четири организации, ЗНМ, ССНМ ,МИМ и ЦРМ се координираа за активностите поврзани со носењето на законите. Воедно информираме дека ССНМ не отстапува од ставот дека Законот за медиуми не ги решава клучните прашања. Сметаме дека тој отвора можност за нови проблеми во работата на новинарите и затоа сме против негово носење. Одговорноста за она што ќе следува ја гледаме на само во Владата, туку и во новинарските здруженија и оние кои вршеа притисок врз нив да дадат зелено светло за усвојување на Законот за медиуми.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје