Заклучоци од мисијата за слобода на изразување во Македонија

Датум

  17-18 ноември 2011 Меѓународната партнерска група на организации за слобода на изразувањето ја посетија Македонија со задача утврдување на факти

, при што се сретнаа со претставници на владата, парламентот, граѓанскиот сектор, новинарските здруженија и организации за развој на медиумите како и одделни новинари. Групата изрази загриженост за состојбата со слободата на изразување и слободата на медиумите и утврди дека:
-Државната власт на Македонија треба да превземе итни и ефикасни чекори за да ги спроведе препораките од ЕУ Извештајот за напредокот на замјата од 2011 година во однос на слободата на медиумите, како и тие од Специјалниот претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите, по нејзината неодамнешна посета на земјата;
-Владата треба да ја декриминализира клеветата и да направи измени во делот за граѓанска клевета со цел соодветно да ја заштити слободата на изразување; исто така Групата ги поздравува уверувањата дадени од Премиерот, Заменик-премиерот за европски прашања и Директорот на центарот за комуникации на коалициската влада (ВМРО-ДПМНЕ) дека владата е посветена на тоа да дејствува на ова поле во почетокот на наредната година;
-Ветувањето на двата владини претставници дека владата ќе започне консултации за измени на правната рамка за медиумите е за поздравување, но Групата настојува сите учесници да имаат можност да коментираат на предлозите и новите нацрт-закони;
-Иако Групата воглавно изразува поддршка за новата работна група за медиумите, со оглед на влошувањето на состојбата со слободата на медиумите во изминатата година, сметаат дека оваа иницијатива е одлагана и дека не може да биде замена за опсежна реформа на правната рамка и креирањето на политики во медиумите, како и само-регулацијата и солидарноста помеѓу луѓето кои се занимаваат со оваа професија; -Има недостаток на плурализам и разновдност во медиумите, како и нетранспарентност и неотчетност на медиумските сопственички структури;
-Во текот на овој парламентарен состав, владата треба да развие вистински јавен медиумски сервис чијашто способност за собирање приходи ќе биде поддалеку од политичките процеси за да се осигура дека овој сектор не е прекумерно исполитизиран;
-Има селективна примена на законот кон независните медиуми и нивните гранки, особено во поглед на даноците, што е спротивно на меѓународните и европски стандарди и владеењето на правото. Постои цврст принцип дека медиумите имаат право да продолжат со работа пред завршувањето на секој судски процес; -Неодамнешното зголемување на бројот на членови на Советот за радиодифузија, процесот на избирање на членовите и недостатокот на транспарентност и отворени консултации за Законот за радиодифузија предизвикува сериозна загриженост;
-Притворот на менаџерите на медиумските компании од декември 2010 година па понатаму е алармантен и спротивен на меѓународните и европските човекови права и стандарди;
-Иако користењето на јавните фондови за рекламирање може да има пошироки придобивки, непропорционалниот маркетинг на македонската влада-која се проценува дека е вториот најголем извор на рекламирање во земјата-создава нефер услови и го изобличува медиумскиот пазар, при што медиумите кои се критички настроени кон владата се ставени во незавидна позиција; ја повикуваме владата да ги троши јавните фондови за рекламирање на начин кој е транспарентен и да полага отчет пред јавноста;
-Процесот на лустрација го поткопува тековниот демократски развој на Македонија преку селективната примена на истиот врз професиналците од сферата на медиумите како и претставниците на граѓанскиот сектор;
-Јавните службеници и политичари не треба да ја користат нивната положба и авторитет за да ги прогонуваат новинарите; -Државните власти треба да ги исполнат меѓународните обврски во врска со правото за информирање со тоа што,меѓу другото , редовно ќе објавуваат информации за владините активности и ефективно ќе го применуваат Законот за пристап до информации од 2006-та година.
Меѓународната партнерска група за Македонија имаше претставници од: ARTICLE 19, Freedom House, Index on Censorship, International Press Institute, Global Forum for Media Development, Media Diversity Institute, Open Society Media Program, South East Europe Media Organisation and South East European Network for Professionalization of Media    Скопје, Македонија 21 ноември 2011

Останати
објави

Сподели на...