Змија или магаре

Датум

Во новинарските кругови се зборува дека и еден од ретките овдешни издавачи што објавуваат и неделник и дневен весник се наоѓа во финансиска криза.

Така барем им е кажано на вработените во редакциите и оставен им е простор за избор – значително да им се намалат платите или доброволно да си дадат отказ, со тоа што ќе продолжат да работат за истите пари, но врз хонорарна основа, што значи дека нема да им се плаќаат давачките за социјално и пензиско осигурување.
Во овој избор меѓу змија и магаре, каде што вработените уште еднаш се доведени во безизлезна ситуација (освен ако не го најдат излезот од Редакцијата), според непроверените информации тие го бираат – магарето. Само за да го задржат оној и онака минимален паричен надомест. Иако, повоторно непроверено, и на досегашните хонорарци веќе им доцни хонорарот.

Останати
објави

Сподели на...