Визија, мисија и вредносни принципи на ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) е водечки репрезентативен синдикат во областа на медиумите кој ги обединува новинарите и медиумските работници во РМ во заштитата на правата на новинарите, слободата на говорот и на слободата на медиумите. ССНМ е важен фактор општеството, кој укажува на сите неправилности кои се случуваат во медиумите, преку креативни методи на работничка борба и преку директни акции се стреми кон слободно новинарство во Република Македонија.

ССНМ нуди нови иницијативи, и активно се застапува и лобира за унапредување и спроведување на соодветна законска регултива и што ја обезбедува слободата на медиумите и ги заштитува новинарите и медиумските работници од заканите и притисоците на сопствениците на медиумите и од влијанијата на државниот апарат. ССНМ нуди нови иницијативи, и активно се застапува за потпишување и почитување на колективни договори на ниво на медиуми и на ниво на гранка.

ССНМ е високо препознаена во јавноста и во медумите со својата синдикалистичка агенда во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат новинари и медиумиски работници.

ССНМ е финансиски одржлив синдикат кој овозможува на своите членови правна и финансиска заштита во случаи на штрајк или при спорови при загубено работно место.

ССНМ презема интензивни активности за инволвирање на своето членство во работата на синдикатот и за решавање на предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумиските работници. ССНМ има воспоставено редовна и професионална соработка со сите релевантни домашни и меѓународни институции и синдикати, медиуми, сродни граѓански организации, компании кои почиваат на доверба и почитување. Со своите демократски избрани органи и тела, како и воспоставени практики во работата, ССНМ служи како пример за добра пракса во заштита и промоција на слободите и правата на новинарите.

МИСИЈА на ССНМ

ССНМ е единствена национална синдикална организација на новинарите и медиумските работници во РМ која се застапува и лобира за склучување и реализација на колективни договори во медиумите во РМ, работи на унапредување и спроведување на законска регулатива во делот на работните односи и правата на новинарите, и презема активности на заштита, поддршка и правна помош на новинарите и медиумските работници во Република Македонија.

КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ

1. Активно застапување за потпишување и реализација грански колективен договор и колективни договори во сите медиуми во РМ
2. Заштита на новинарите и медиумските работници од закани и притисоци на новинари
3. Подигнување на мотивацијата за зачленување во ССНМ
4. Зголемување на видливоста на ССНМ во јавноста и пред новинарите и медиумските работници
5. Креирање на мрежа на истражувачи за квалитетни анализи и следење на состојбите
6. Соработка со домашни и меѓународни синдикати и сродни организации и институции
7. Соработката со институциите и со сопствениците на медиумите
8. Влијание во носењето на одлуки и закони кои се однесуваат за медиумите
9. Обезбедување на финансиска независност и непречено функционирање на ССНМ
10. ССНМ активно работи да (о)стане единствен репрезентативен синдикат од областа на медиумите

ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ

1. ССНМ секогаш работи на терен, меѓу новинарите со креативни методи и преку директни акции
2. ССНМ поттикнува активизам, организираност и борбеност на своите членови во остварување на нивните права и слободи
3. ССНМ негува солидарност меѓу членовите
4. ССНМ секогаш укажува на сите неправилности кои се случуваат во медиумите
5. ССНМ негува независност од влијание на владините и партиските политики
6. ССНМ секогаш нуди иницијативи во подобрување на лоши законски решенија и практики кои се однесуваат на правата на новинарите
7. Синдикатот се наметнува како релевантен чинител во преговорите со работодавачите
8. ССНМ работи транспарентно и отчетно