Средба на ССНМ и државниот инспекторат за труд

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници одржаа работна средба со директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска на која беа продолжени разговорите на теми кои ги засегаат вработените во македонските медиуми и членовите на ССНМ.

На барање на ССНМ, Томовска вети контроли за утврдување на исплатата на дневници за работа во недела, за бројот денови за годишен одмор и начинот на кој истиот им се овозможува на вработените, и почитување на другите одредби од Законот за работни односи.

На средбата Томовска со порака, преку претставниците на ССНМ, ги охрабрува новинарите и медиумските работници да ги пријавуваат недоследностите и прекршувањата на работничките права, и тоа на повеќе начини, а наједноставниот е на веб страницата на Државниот инспекторат за труд, и тоа од познат подносител или анонимно.    

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn