Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и реномираната станица за технички преглед и регистрација на возила ГРА-ВАГ Технички Преглед ДОО Скопје го подобрија договорот за соработка и ГРА-ВАГ заедно со ЦЕРТУС АД Скопје на членовите на ССНМ им овозможуваат поголем попуст на техничкиот преглед и плаќање на рати при осигурувањето на возилата.
Привилегиите се:
- 50% попуст на услугата технички преглед
- Бесплатна проверка на возилото во текот на годината
- Две гратис перења на возилото
- Подарок
- Бесплатно кафе во нашите кафетерии
- Осигурување (плаќање на 4 до 6 рати преку електронска апликација и платежна картичка)
ГРА-ВАГ Технички Преглед ДОО Скопје има четири станици за технички преглед во Скопје:
Во населбата Даме Груев:
ул. „Лепенец“ бр. 10
+389 76 30 30 10
Во населбата Ченто:
ул. „Методија Андонов Ченто“ бр. 15а
+389 78 30 20
Во населбата Карпош:
ул. „Никола Парапунов“ бр. 49
+389 78 32 03 78
Во населбата Кисела Вода:
ул. „Народни Херои“ бр. 16
+389 78 32 03 40
За користење на попустот во Цертус ЦРЦ потребно е на самото место, при регистрацијата, да се потврди членството во ССНМ со покажување на заверена членската карта.